Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

YOU MUST BE REGISTERED TO VIEW THE DOCUMENTS

Legal Notice

Electrolux Macedonia is a leading European distributor osnovan 1984 god. vo Bitola as a service centar  Electrolux Makedonija je vodeći europski distributer rezervnih dijelova za prehrambenu opremu, kafiće, perilice rublja, hladnjake, perilice posuđa, automatske strojeve i kućanske aparate te je pouzdani partner proizvođača opreme. Electrolux Makedonija dio je obitelji Electrolux Palenzo, globalnog lidera u visokotehnološkoj distribuciji rezervnih dijelova za kritičnu opremu, srodnih proizvoda i usluga za industriju hrane, kućanstva i HVAC industriju. Kupci Electroluxa Makedonija imaju koristi od snažne stručnosti rezervnih dijelova, s više od 40 godina tržišnog iskustva od LF, EPGC, GEV (sva tri preimenovana u REPA), ATEL, Big Warehouse. S najvećim zalihama u industriji i predanošću najbržoj isporuci u industriji, Electrolux Makedonija svakom kupcu osigurava pravu ponudu, u pravo vrijeme, svugdje.

Electrolux Macedonia is a leading European distributor founded in 1984. in Bitola as a service workshop Electrolux Macedonia is a leading European distributor of spare parts for food equipment, coffee shops, washing machines, refrigerators, dishwashers, automatic machines and household appliances and is a reliable partner of equipment manufacturers . Electrolux Macedonia is part of the Electrolux Palenzo family, a global leader in high-tech distribution of spare parts for critical equipment, related products and services for the food, household and HVAC industries. Customers of Electrolux Makedonija benefit from the strong expertise of spare parts, with more than 40 years of market experience from LF, EPGC, GEV (all three renamed in REPA), ATEL, Big Warehouse. With the largest inventory in the industry and commitment to the fastest delivery in the industry, Electrolux Macedonia ensures every customer the right offer, at the right time, everywhere.

Categories

Lawsuits and judgments 2015-Electrolux

Lawsuits and judgments 2015-Electrolux ( 12 Files )

Electrolux Macedonia is a leading European distributor founded in 1984. in Bitola as a service workshop Electrolux Macedonia is a leading European distributor of spare parts for food equipment, coffee shops, washing machines, refrigerators, dishwashers, automatic machines and household appliances and is a reliable partner of equipment manufacturers . Electrolux Macedonia is part of the Electrolux Palenzo Family, a global leader in high-tech distribution of spare parts for critical equipment, related products and services for the food, household and HVAC industries. Customers of Electrolux Makedonija benefit from the strong expertise of spare parts, with more than 40 years of market experience from LF, EPGC, GEV (all three renamed in REPA), ATEL, Big Warehouse. With the largest inventory in the industry and commitment to the fastest delivery in the industry, Electrolux Macedonia ensures every customer the right offer, at the right time, everywhere.

Lawsuits and judgments 2007-Electrolux

Lawsuits and judgments 2007-Electrolux ( 4 Files )

Electrolux Macedonia is a leading European distributor founded in 1984. in Bitola as a service workshop Electrolux Macedonia is a leading European distributor of spare parts for food equipment, coffee shops, washing machines, refrigerators, dishwashers, automatic machines and household appliances and is a reliable partner of equipment manufacturers . Electrolux Macedonia is part of the Electrolux Palenzo Family, a global leader in high-tech distribution of spare parts for critical equipment, related products and services for the food, household and HVAC industries. Customers of Electrolux Makedonija benefit from the strong expertise of spare parts, with more than 40 years of market experience from LF, EPGC, GEV (all three renamed in REPA), ATEL, Big Warehouse. With the largest inventory in the industry and commitment to the fastest delivery in the industry, Electrolux Macedonia ensures every customer the right offer, at the right time, everywhere.

Documents

Order by : Name | Date | Hits [ Ascendant ]

Presuda za Electrolux  ABB  Stocholm i Electrolux  DOOEL Bitola  No. TS 15-15 Presuda za Electrolux ABB Stocholm i Electrolux DOOEL Bitola No. TS 15-15

hot!
Filesize: 218.96 kB
Downloads: 4955

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

ОСНОВНИОТ СУД ВО БИТОЛА со судијата « Г. М. » претседател на совет, и судиите поротници А. Ш и Н. П. членови на совет по правната работа на тужителот « АВ Electrolux » Стокхолм - Шведска « St.Goransgatan 143 ЅЕ 105 45 » Stocholm Шведска застапуван преку полномошникот адвокат Ж. К. С. од Скопје , против тужениот « Друштво за производство на апарати за домаќинство и професионална опрема, нерѓосувачки челик, индустриски, четки, палензо, гумени производи, електрични греачи, правосмукалки, иробот, дизајн лаб трговија на големо и мало, услуги, спорт ,академија и кооперација увоз-извоз ЕЛЕКТРОЛУКС ДООЕЛ Битола ул.Цар Самоил З6 Битола Македонија », застапуван од полнoмошник адвокат Николчо Лазаров од Скопје, основ «повреда на право од индустриска сопственост», вредност 40.000,оо денари, по одржаната усна и главна и јавна расправа во присуство на полномошниците на странките на ден « 26.01.2016 » година, ја донесе следната:

 

П РЕСУДА

Тужбеното барање на тужителот со кое бараше да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот, за трговската марка : Electrolux ( во збор) со регистарски број 03982, регистрирана за производи од класата 03,07,09,11 и 21 од Меѓународната класификација на производи и услуги; и electrolux ( во збор) со регистарски број 03983 , регистрирана за производите од класите 01,03,04,06,07,08,09,10,11,12,14,17,18,20,21, и 24 од Меѓународната класификација на производи и услуги , и да му се забрани на тужениот да ја користи оваа трговска марка; да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот за трговската марка zanussi ( во збор) со број на пријава ТМ-2013/556 , за производи и услуги од класата 28 од Меѓународната класификација на производи и услуги и да му се забрани на тужениот да ја користи оваа трговска марка , како и да и се наложи на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ) да ги поништи регистрациите на домените :

1. www.elektroluks.com.mk

2. www.electrolux.com.mk,

3. www.electroluxpalenzo.mk

4. www.electroluxappliances.com.mk

5. www.electroluxprofessional.com.mk

6. www.elektroluxmakedonija.com.mk

7. www.electrolux.mk

8. www.elektroluks.mk

9. www.electroluxservice.com.mk

10. www.electroluxheatingelements.com.mk

11. www.akademijaelectrolux.com.mk

12. www.electroluxdesignlab.mk

13. www.elektroluks.net.mk

и да ги деактивира истите и да ги избрише од Регистарот на МАРнет, како и да му ги надомести на тужителот парничните трошоци во износ од 123.700,оо денари, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

 

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителот да му ги надомести предизвиканите парнични трошоци на тужителот во износ од 73.699,оо денари, во рок од 8 дена по приемот на оваа пресуда, а за разликата до бараните трошоци од 74.835,оо денари, барањето на тужениот СЕ ОДБИВА.

 

Образложение

 

Тужителот во завршен збор предложи да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот, за трговските марки : Electrolux ( во збор) и за трговската марка Zanussi ( во збор) кои биле регистрирани во Државниот завод за индустриска сопственост со посебни регистарски броеви , од соодветни класи на производи и услуги на име на тужителот, имал исклучиво право истите да ги користи во прометот за означување на своите производи и услуги заради тоа што смета дека тужениот користејќи ги своите регистрираните домен - имиња преку интернет , неовластено користел знаци слични или идентични со трговските марки и производи и услуги на тужителот, и дека со таквата сличност стварал забуна кај просечниот потрошувач за тоа за чии производи и услуги се работи. Таквите дејствија претставувале повреда во смисла на чл.206 ст.1 , 2 и 3 од Законот за индустриска сопственост според која законска одредба, тужителот како носител на трговските марки имал исклучиво право истите да ги користи во прометот за означување на своите производи и услуги,и според која законска одредба тужителот како носител на трговската марка имал право да забрани користење во прометот на знак кој е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги.доколку таква сличност може да создаде забуна кај просечниот потрошувач . Заради тоа во вториот дел од тужбеното барање предложи и да му се забрани на тужениот користењето на овие две трговски марки, повикувајќи се на примена и на чл.25 од Правилникот на МАРНЕТ бидејќи повредата била сторена преку интернет, што било видно и од изведените докази - вештачење и записници за утврдени факти од нотар. Наведе и тоа дека тужениот постапувал спротивно на чл.50 од ЗТД со тоа што фирмата под која бил регистриран преку интернет и регистрираните домени не ја употребувал со кирилично писно, туку на латиница , со што ја повредувал трговската марка на тужителот. Во третиот дел од тужбеното барање побара судот да наложи на МАРНЕТ да ги поништи регистрациите на домените - домен имињата ( 13) регистрирани на име на тужениот , да ги деактивира истите и да ги избрише од Регистарот . Смета дека непостои пресудена работа бидејќи фактичката состојба сега била различна во однос на онаа утврдена со пресудата на Врховниот Cуд , кои факти се однесувале на 2007 година , а сега се однесуваат на утврдени факти во 2013 година и подоцна. Трошоци побара.

Тужениот предложи тужбата да се отфрли поради пресудена работа бидејќи со пресуда на Врховниот Cуд Рев. 1 бр. 220/2012 од 13.06.2013 година , која се наоѓа во судските списи на овој суд ТС.бр.110/11, било одбиено тужбеното барање на истиот тужител против истиот тужен , по ист основ - за утврдувањето на повреда на правото на индустриска сопственост за истата трговска марка. Во секој случај доколку судот не ја отфрли тужбата да го одбие тужбеното барање како неосновано со оглед било конфузно поставено , небило нити јасно што бара тужителот со предметната тужба , каква заштита бара, дали бара заштита на трговска марка, дали бара заштита на домените содржината на сајтовите за приложил записници од нотар, дали бара заштита на името на трг.марка , симболите или знаците, со наводи дека тужениот не сторил никаква повреда на павот на трговските марки на тужителот.

 

 

 

 

 

По однос на примената на Правилникот на МАРНЕТ смета дека за употребата на домен имињата регистрирани на име на тужениот не е надлежен судот да постапува туку дека тоа е исклучиво управна постапка во надлежност на орган на управа бидејќи тој регистар на домени исклучиво го води Македонската Aкадемска истражувачка мрежа (МАРНЕТ) кој е јавна установа односно орган на управа и во овој дел преложи да се огласи судот за апсолутно ненадлежен да постапува односно стварно ненадлежен. По однос на повредата на трговските марки на тужителот смета дека тужителот не го докажа тужбеното барање и со ништо небило докажано дека наводно тужителот го повредил правото на трговските марки Electrolux и трговската марка Zanussi, бидејќи користењето на домените на тужениот всушност претставуваат само користење на неговото име  фирмата на тужениот „Електролукс,, под која е запишан во регистарот и тоа уште од 1995 година. За тоа сосема јасно се произнел и Врховниот суд во пресудата , дека регистрирањето на домените незначи користење на трговската марка на тужителот , бидејќи тужениот само си регистрирал домен кој одговара на името на неговата фирма и дека со тоа неги довел во заблуда и потенцијалните потрошувачи на производи и услуги на тужителот, а согласно чл.168 од Законот за индустриска сопственост, која одредба не му дава право на носителот на трговска марка да му забрани на трети лица да во стоковниот промет ги употребуваат нивните имиња , знаци или трговски имиња, без оглед на фактот што тие се слични или идентични со трговската марка. Ова дотолку повеќе што тужениот е занаетчиски дуќан - работилница , микро субјект , со дејност поправка на електрични апарати за домаќинство , нити врши дејност било каква друга трговска дејност , едвај  да остварува некој промет од услугите за поправка , па не е јасно на кој начин ги доведувал во заблуда просечните потрошувачи - корисници на производи кои ги произведува тужителот како реномирана светски позната фирма. По однос на наводната повреда на трговската марка zanussi , воопшто не било јасно како тужениот тоа право го повредувал кога оваа трговска марка воошто не се споменува нити се поврзува со тужениот. Трошоци побара.

Судот ги допушти и изведе предложените докази : тековна состојба за тужениот од ЦР на РМ , копие од лична карта за Силвана Палензовска Електролукс и за Теодор Палензо Електролукс , соопштение за неавторизирана фирма од 22.10.2011 год. , тековна состојба за РТВ НАББА Македонија Електролукс Битола, решенија од МАРНЕТ од 18.05.2015 година за отфрлање на барање , решение за промена во регистар на занаетчии од 21.05.2015 год. со прилог решение од ЦР на РМ за Занаетчија Електролукс Палензо Теодор Битола, потврда за признато право на ректорирање за Т. О. од 20.07.2006 год. со прилози илустративни и лингвистички разлики и заклучок со предлог, стручно мислење , извадок за Електролукс во електронска форма , стручно мислење заверено од нотар Г. Д. под УЗП 2106/15 од 08.05.2015 година, фактура од 27.03.2014 година издадена од АД за Стопанисување спрема тужениот и Палензовски Димче , фактура бр.198 од 27.04.2015 година, резервација за назив на правен субјект за Занаетчија Теодор Димче Палензо , Клуб за Атлетска Гимнастика Фондација Палензо-Правилник од јули 1996 год.,Статут на Клубот за атлетска гимнастика од 1995 год. Веидер Електролукс , барање за признавање на право на трговска марка од 10.08.2012 год. , извадок од Турис инфо

 

 

 

 

 

Битола со прилози фотографии , допис од М. М. за Електролукс Палензо од 4 мај 2015 година , тековна состојба од ЦР на РМ за Електролукс ДООЕЛ Битола, решение од Државен инспекторат за труд од 18.10.2002 год. со прилог решение за исполнување на технички услови за вршење на дејност, документ за регистрирана дејност од ЦР на РМ за Електролукс од 20.07.2011 година , решение за упис на дејност во регистар на занаетчии од 01.07.2005 год. решение за претежна дејност од Државен Завод за Статистика од 25.12.2001 год. решение од Министерство за Правда од 03.02.2015 год. за користење на зборот Македонија во името на друштвото,барање од ДООЕЛ Електролукс до МАРНЕТ од 07.05.2014 година со прилози домен имина , барање за пренесување на поддомените од Палензовски Димче на ДООЕЛ Електролукс од 10.07.2014 год. договор за отстапување на владение на домени од 29.04.2013 год. фестивал за креирање апарати за домаќинство одлука на претседателството на НАББА со прилози,соопштение до јавноста од тужителот од 22.10.2011 год. во фотокопие исечоци од дневен печат , пријава-договор за учество на саем од октомври 2002 год. со прилог фотографии , барања за покренување арбитражна постапка од 08.01.2015 год. одговор на барање за арбитража Тужба до Управен Суд против Државен Завод за Индустриска Сопственост од СЗД ЕЛЕКТРОЛУКС И НАББА Македонија против решение на државниот завод од 30.04.2014 год. стручно мислење од лектор З. Б. во предметот ПС-348/07 , извадок од интернет за Електролукс грејни тела керамички греачи во прилог фотографии, извадоци од МАРНЕТ за регистрација на домени , допис од 21.01.2014 год. од Електролукс до С. Б. во врска со понуда за годишен сервис на машина за за сушење на алишта, наод и мислење од 2014 година на м-р М.Г. од декември 2014 год. решенија на Државен завод за индустриска сопственост од 30.04.2014 год. извод од регистарот на трговски марки од 18.02.2015 год. 20.04.2015 год. дописи на Заводот од 20.04.2015 год. записник за потврдување на факти ОДУ.бр. 1665/2014 на нотар А. П. А. од Скопје со прилози, ОДУ.бр.576/2014 , интернет апликација , записник од 10 месец 2011 год. на  Државен пазарен инспекторат бр.25354 , решение за промена во регистар на занаетчии од 19.07.2010 година , барање од ДООЕЛ Електролукс до МАРНЕТ за спроведување одлуки за промена на сопственост на носител на правона домен од 07.05.2014 год. ЦД апликација за Електролукс , списите по предметот на овој Основен Суд ТС-110/11 од Битола ,записник ОДУ бр.611/2015 со прилог фотографии односно извадоци од интернет, барања за покренување арбитражна постапка од 09.01.2015 год. сентенца на Врховен суд по Рев.бр.341/00 , копие од пресуда РЕВ.1 бр.220/2012 , стручно мислење на лектор З.Б.ТС.бр.348/07, решенија на директорот на МАРНЕТ за отфрлени барања за покренување арбитражна постапка од 18.05.2015 год. извод од МК на родени за Силвана Палензовска Електролукс, извадок од интернет за доменот www.Electrolux.net.mk www.Електролукс.нет.мк за ОДУ бр. 1710/2015 год. ,извадоци од интернет за Електролукс , правилник на МАРНЕТ од 2014 год. , вештачење од Агенција за вештачења МАГО Скопје од 12.07.2012 година , а во согласност со полномошно на странките да се изведе доказ приложеното ЦД и без присуство на полн.на странките советот овој доказ да го цени надвор од расправа, па ценејќи ги истите во смисла на чл.8 од ЗПП ја утврди следната фактичка положба:

Неспорно е дека тужителот е правно лице  со седиште во Електролукс од Стокхолм Шведска и дека било глобален лидер во производство на

 

апарати за домаќинство и апарати за професионална употреба повеќе години наназад и носител на бројни национални и меѓународни трговски марки меѓу кои се и Еlectrolux марките и Zanussi марките. Овие две трговски марки биле регистрирани на име на тужителот во Државниот завод за индустриска сопственост со посебни регистарски броеви при што трговската марка Electrolux (во збор) била со регистарски број 03982 и приоритет од 18.09.1957 година ,регистрирана за производи од класата 03,07,09,11 и 21 од меѓународната класификација на производи и услуги,а истата марка е регистрирана и со регистарски број 03983 и приоритет од 20.09.1928 година регистрирана за производи од класите 01,03,04,06,07,08,09,10,11,12,14,17,18,20,21 и 24 од Меѓународната класификација на производи и услуги,додека пак трговската марка zanussi била исто така регистрирана во Државниот завод за индустриска сопственост како во збор така и во изглед, што е видно и од приложеното вештачење на вештакот М. Г. од Скопје.

Тужениот е регистриран во Трговскиот регистар на РМ како
ЕЛЕКТРОЛУКС ДООЕЛ Битола основан уште од 1995 година , со
употребна дозвола како занаетчиски дуќан - работилница , микро субјект,
со дејност шифра 95.22 - поправка на електрични апарати за
домаќинство , како и опрема за домови и градинки, видно од изводите за
тековната состојба од ЦР на РМ. Неспорно е дека тужениот бил и
регистрант на домен имињата:

 

1.  www.elektroluks.com.mk

2.  www.electrolux.com.mk,

3.  www.electroluxpalenzo.mk

4.  www.electroluxappliances.com.mk

5.  www.electroluxprofessional.com.mk

6.  www.elektroluxmakedonija.com.mk

7.  www.electrolux.mk

8.  www.elektroluks.mk

9.  www.electroluxservice.com.mk

10. www.electroluxheatingelements.com.mk

11. www.akademijaelectrolux.com.mk

12. www.electroluxdesignlab.mk

13. www.elektroluks.net.mk

 

како изведеници од името на неговата фирма „Електролукс,, што неспорно е видно од интернет страницата на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ) и записниците за потврдување на факти заверени од нотар, кои ги приложи тужителот, како што се : записник за потврдувње на факти ОДУ -116/2015 од 23.04.2015 година на нотар А.П.А. од Скопје, записник ОДУ-1710/2015 од 10.09.2015 година.

Тужителот смета дека во конкретниот случај , тужениот со користењето на домен имињата ( вкупно 13) преку интернет, го повредувал правото кое го имал тужителот како носител и сопственик на двете трговските марки Electrolux марките и Zanussi марките , и дека таквите дејствија претставувале повреда во смисла на чл.206 ст.1 , 2 и 3 од Законот за Индустриска Сопственост според која законска одредба, тужителот како носител на трговските марки имал исклучиво право истите да ги користи во прометот за означување на своите производи и услуги.и според која законска одредба тужителот како носител на трговската марка имал право да забрани користење во прометот на знак кој е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги.доколку таква сличност може да создаде забуна кај просечниот потрошувач, вклучително и можноста од асоцијација меѓу знакот и трговската марка , заради што и ја поднел предметната тужба со која се бара да се утврди повреда на правото на трговските марки на тужителот и да му се забрани на тужениот да ги користел трговските марки на тужителот на начин што би се наложило на Македонската Aкадемска Истражувачка Мрежа (МAРНЕТ) да ги поништи регистрациите на домените - домен имињата (13) регистрирани на име на тужениот , да ги деактивира истите и да ги избрише од Регистарот . Од приложените докази, а пред се вештачењето на вештакот М.Г. од Скопје и Записниците за утврдување на факти заверени од нотар ,со кои докази тужителот се обидува да докаже дека тужениот го повредил правото на трговските марки на тужителот е видно дека со вештачењето и со записниците заверени од нотар, само се потврдуваат неспорните факти дека тужителот Electrolux е правно лице со седиште во Стокхолм - Шведска и дека било глобален лидер во производство на апарати за домаќинство и апарати за професионална употреба повеќе години наназад и носител на бројни национални и меѓународни трговски марки меѓу кои се и  Electrolux марките и Zanussi марките, кои трговски марки биле регистрирани на име на тужителот во Државниот завод за индустриска сопственост , од една страна, а од друга страна само се потврдува истотака неспорниот факт дека тужениот неспорно бил и регистрант на погоренаведените домен имиња кои ги регистрирал во Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ) ,која како правно лице била и надлежна за регистрација , деактивација или бришење на домените. Во текот на доказната постапка тужениот се обидуваше да докаже дека со самиот факт што тужениот ги користел домен имињата преку интернет , дека тоа дејствие всушност претставувало повреда на трговските марки на тужителот и дека со тоа тужителот трпел штета, без притоа да докаже каква е таа штета, колкав е износот на штетата што ја трпел тужителот и сл. Всушност тужителот смета дека со самиот факт што тужениот ги регистрирал погоре спомнатите домен имиња со таквото дејствие преку интернет наводно го повредувал правото на трговските марки на тужителот Еlectrolux и Zanussi , на начин што наводно ги доведувал во заблуда потенцијалните потрошувачи на производите кои ги произведувал тужителот и на услугите кои ги давал. Поточно , дека тужениот користејќи ги своите регистрираните домен - имиња преку интернет , неовластено користел знаци слични или идентични со трговските марки и производи и услуги на тужителот, и дека со таквата сличност стварал забуна кај просечниот потрошувач за тоа за чии производи и услуги се работи. При тоа неспорен е фактот меѓу странките во постапката дека скратениот назив - име на тужителот и на тужениот гласи „Eлектролукс".

При  вака утврдена фактичка положба судот одлучи како во изреката на оваа пресуда од следните причини:

Со предметната тужба , тужителот во конкретниот случај се повикува на чл.206 ст. 1, 2 и 3 од Законот за индустриска сопственост,според која законска одредба, тужителот како носител на трговските марки имал исклучиво право истите да ги користи во прометот за означување на своите производи и услуги.и според која законска одредба тужителот како носител на трговската марка имал право да забрани користење во прометот на знак кој е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги,доколку таква сличност може да создаде забуна кај просечниот потрошувач, вклучително и можноста од асоцијација меѓу знакот и трговската марка . Во ст. 4 од истиот член е утврдено дека забраната опфаќа: и ставање на знакот на производите или нивните пакувања, давање услуги или пуштање во промет производи обележани со тој знак или складирање на производи со таква намера, увоз или извос на производи под тој знак и користење на знакот при коресподенција, огласување и рекламирње.

Со чл. 207 од истиот закон се нормирани ограничувања на таквото право на носителот на трговска марка, според кој правото на трговската марка не му дава право на носителот на трговската марка да му забрани на трето лице употреба во стоковниот промет на нивните имиња, презимиња, знаци или трговски имиња.... без оглед на фактот што тие податоци се идентични или слични со трговската марка, под услов да се користат во согласност со добрите деловни обичаи и да не доведуваат до нелојална конкуренција.

Согласно чл. 294 од истиот закон е предвидено дека лицето чие право е повредено со тужба може да бара: да се утврди дека постои повреда на правото, забрана на дејствијата со кои се повредува правото, надомест на штета , одземање или уништување на производи , граѓанска казна, објавување на пресудата на трошок на тужениот и други барања.

Во конкретнот случај тужителот со предметната тужба бараше да се утврди дека постои повреда на неговото право на трговските марки, да му се забрани на тужениот тие марки да ги користи и како трет дел на тужбеното барање да се наложи на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ) ,која како правно лице била и надлежна за регистрација , деактивација или бришење на домените, што според судот е во согласност со погоре наведената одредба од чл. 294 како содржина на предметното тужбено барање. Со предметната тужба тужителот се обиде да докаже дека тужениот како регистрант во вкупно 13 домен имиња регистрирани во МАРНЕТ го повредил правото на трговските марки на тужтиелот Electrolux и Zanussi , кои неспорно тужителот ги регистрирал во Државниот завод за индустриска сопственост. Мегутоа, по оцена на судот и врз основа на изведените докази судот смета дека тужителот во смисла на чл. 205 од ЗПП не успеа да ја докаже основаноста на вака поставеното тужбено барање. Тужителот не успеа да докаже што всушност преставува повредата на трговските марки на тужителот, кои знаци или симболи ги употребува тужениот и со кои дејствија наводно го повредува правото на трговските марки на тужителот. Од изведените докази неспорно произлегува дека во конкретниот случај тужениот освен што регистрирал домени во МАРНЕТ кои одговараат на името на неговата фирма „Eлектролукс „ која е запишана со такво име во Регистарот на правни лица - трговски друштва уште од 1995 година, ништо друго ненаправил, што неможе да претставува повреда на правото на трговките марки на тужителот.

Ваквиот правен заклучок произлегува и од досегашната судска пракса , што е посебно видно од изведениот доказ - списите по предметот на овој Основен суд  Битола ТС -110/11 (поранешен број ПС-348/07), и пресудата на Врховниот суд на РМ , кој во својата пресуда Рев. 1 бр. 220/12 дава сосема јасно правно толкување односно зазема сосема јасен правен став, дека со дејствијата на тужениот односно со употребата на домен името „Eлектролукс"( што е име на неговата фирма) , значи дека тужениот во целост постапувал согласно добрите деловни обичаи , бидејќи при регистрацијата на домен имињата намерата на тужениот не била при регистрацијата на домен имињата да ја користи трговската марка на тужителот electrolux или логото на тужителот во своја корист, туку согласно законските прописи тужениот регистрирал домен кој одговара на името на неговата фирма. При тоа, нагласува Врховниот суд во својата пресуда, ограничувањата на правото на трговската марка се сосема јасно уредени со чл. 207 од истиот закон, според кој правото на трговската марка не му дава право на тужителот како носител на трговската марка да му забрани на трето лице употреба во стоковниот промет на нивните имиња, презимиња, знаци или трговски имиња.... без оглед на фактот што тие податоци се идентични или слични со трговската марка, под услов да се користат во согласност со добрите деловни обичаи и да не доведуваат до нелојална конкуренција. Судот цени дека и во конкретниот случај се работи за употреба на интернет на вкупно 13 домен имиња во кои е содржано името на фирмата на тужениот и дека тужениот со тоа како регистрант на тие домен имиња неправи никаква повреда на правото на трговската марка на тужителот Electrolux, што преставува и правен заклучок содржан во погореспомнатата пресуда на Врховниот суд. Сепак, судот смета дека во случајов сепак непостои пресудена работа во смисла на чл.322 од ЗПП од следните причини:

Имено, горе наведената пресуда на Врховниот суд се однесува на предмет по тужба на истиот тужител и истиот тужен за основ заштита на правото од индустриска сопственост. Конкретно, во тој предмет, тужениот имал регистриран само еден (1) домеин во МАРНЕТ electrolux.com.mk. Судот смета дека во случајов не се работи за идентично тужбено барање бидејќи за утврдување на фактот дека се работи за пресудена работа решавачки е идентитетот на животниот настан, идентитетот на предметот на спорот, но ако настанале нови факти после донесувањето на пресуда , тогаш не се работи за пресудена работа. Во конкретнот случај постојат нови факти, бидејќи тужителот се повикува на нови повреди на правото на трговските марки, прилагајќи записници од нотар од 2015 година за употреба на не само еден домен , кој е погоре спомнат, туку вкупно 13 домен имиња чиј регистрант е тужениот. Покрај тоа во предметот каде е донесена пресудата на Врховниот суд се работи и се одлучувало во тој предмет за повреди во 2007 година кога тужениот како регистрант преку интернет употребувал само едно домен име electrolux.com.mk. Сега во конкретниот случај се работи за употреба на интернет на вкупно 13 домен имиња во кои е содржано името на фирмата на тужениот, а употребата на домен имињата е вршена во 2015 година, па судот смета дека се работи за барање на тужителот да се утврди дека тужениот правел нови повреди на трговските марки на тужителот и дека заради тоа не постои пресудена работа. Но, во секој случај, судот смета дека неосновано е тужбеното барање, односно недокажано, а секако во предвид го има и веќе заземениот правен став на Врховниот суд содржан во горенаведената пресуда Рев 1-220/12 од 13.06.2013 година, според која Врховниот суд јасно укажува дека употребата на домен имиња не може да преставува повреда на правото на трговската марка на тужителот, односно на трговската марка чија заштита се бара со предметната тужба. Покрај тоа, судот укажува дека тужителот со тужбата достави вештачење и други докази како што записниците за потврдени факти од нотар , кои докази исклучиво се однесуваат на користење на домен имињата на тужениот, без да приложи ни еден доказ дека тужениот сторил повреда и на правото на трговска марка и на тужителот насловена како zanussi, од каде неспорно произлегува и неоснованоста на тужбеното барање кое се однесува на оваа трговска марка. При одлучувањето во секој случај судот ги имаше во предвид и неспорно утврдените факти дека тужениот е регистриран во Трговскиот регистар на РМ како ЕЛЕКТРОЛУКС ДООЕЛ Битола основан уште од 1995 година, со употребна дозвола како занаетчиски дуќан - работилница, дека се работи за вршење на дејност и тоа исклучиво услужна , дека се работи за т.н. „микро субјект", со дејност шифра 95.22 - поправка на електрични апарати за домаќинство , како и опрема за домови и градинки, видно од изводите за тековната состојба од ЦР на РМ, и цени дека основан е приговорот на тужениот дека еден занаетчиски дуќан кој поправа електрични апарати за домаќинство може да биде нелојална конкуренција на тужителот како гигант и реномиран производител на трговската марка - Electrolux AB , а во смисла на погоре цитиранот чл. 206 ст. 3 т. 3 од Законот за индустриска сопственост , дотолку повеќе што неспорно тужениот нити е производител на електрични апарати со употреба на трговската марка на тужителот , нити ствара некој промет од таков обем со кој би можел неговите корисници на услуги да ги поистоветува и да ствара забуна со корисниците на производите и на услугите кои ги дава тужителот . Од сето наведено произлегува дека не е јасно на кој начин тужениот ги доведувал во заблуда просечните потрошувачи - корисници на производи кои ги произведува тужителот како реномирана светски позната фирма, дали тужителот претрпел некаква штета, каков вид на штета преттрпел , во кој обем и сл. , бидејќи докази во оваа смисла тужителот нити достави , нити такво нешто произлегува од приложеното вештачење. По однос на наводната повреда на трговската марка zanussi , воопшто не е јасно како тужениот тоа право го повредувал кога оваа тргоската марка воошто не се споменува нити се поврзува со тужениот.

Што се однесува до примената на законот за МАРНЕТ и на Правилник за регистрација на домени на кој правилник се повикува тужителот во завршен збор, како подзаконски акт кој го користи Македонска Aкадемска Истражувачка Мрежа МАРНЕТ.од содржината на неговите одредби неспорно е регулирано самата постапка за регистрација , деактивација и бришење на домени кај ова правно лице. Точно е дека согласно чл. 25 од овој Правилник меѓу другото е предвидено и тоа дека регистрантот сноси одговорност на евентуална повреда на правото на индустриска сопственост како и на штета , за кое нешто впрочем е покрената и судската постапка по предметната тужба, па постоењето на одредба во Правилникот слична со законските одредби на Законот за Индустриска Сопственост, нема некое поголемо значење за решавање на конктретниот спор. При тоа, неспорен е фактот дека тужителот веќе покренал арбитражна постапка кај MAPHET за бришење и деактивација на домеин имињата во чие барање за покренување арбитражна постапка си постапуваат надлежните органи на МАРНЕТ, која постапката за бришење ја прекинале со оглед да помеѓу странките веќе се води судски спор, чекајќи го исходот на спрот. При тоа, судот смета дека во овој дел од тужбеното барање со кој тужителот бараше да се наложи на МАРНЕТ да изврши бришење и деактивација на домеините, сепак тужителот има право да го постави како дел од тужбеното барање и дека судот има надлежност да одлучува и во овој дел бидејќи таквото негово право произлегува од   содржината на тужбеното барање , регулирана со чл. 294 од Законот за индустриска сопственост, а посебно на ст. 1 т. 9 од овој член, каде е дадено право на лицето кое смета дека му е повредено правото да може пред судот да истакнува и „други барања", што значи дека може да поставува и други барања, како што е во конкретниот случај барањето на тужителот да се наложи на МАРНЕТ да изврши деактивиција и бришење на домеин имињата, како еден од начините за престанок на евенуалните повреди на тргoвска марка. Секако дека овој дел од тужбеното барање на тужителот е непосредно поврзан со предходните две тужбени барања за утврдување дека постои повреда и за забрана на тужениот такви повреди во иднина да не прави, па со оглед да овие две тужбени барања се одбиени како неосновани, логично произлегува дека се одбива и третиот дел од тужбеното барање со кое се бараше судот да наложе и на МАРНЕТ како овластен орган и правно лице кое врши регистрација и бришење на домени да изврши дерегистрација и бришење на домен имињата чиј регистрант е тужениот.

При одлучувањето се ценети и останатите тужбени наводи , како што е наводот дека тужениот наводно постапувал спротивно на чл.50 од ЗТД со тоа што фирмата под која бил регистриран преку интернет и регистрираните домени не ја употребувал со кирилично писмо, туку на латиница , но судот смета дека таквите наводи не се основа за поинакво одлучување бидејќи предметниот спор не се водеше за заштитата на правото и употреба на фирма , спорот не се водеше за тоа дали е дозволено или не е употреба на латинично писмо на името на тужениот што е сосема друг вид на тужба, односно основ за водење на некој друг вид на спор .

За трошоците судот одлучи со оглед на исходот на' спорот, согласно чл. 148 од ЗПП и го задолжи тужителот да му плати на тужениот парнични трошоци во износ од 73.699,оо денари од кои: за состав на полномошно и трошковник по 1.300,оо денари, за состав на одговор на тужба 3.900,оо денари, за состав на жалба по решение за 4 привремена мерка износ од 7.020,оо денари , за засаување на рочишта за расправа за секое по 4.680,оо денари, за патни трошоци за доаѓање на адв. од Скопје до Битола за 4 рочишта вкупно 26.600,оо денари, за состав на поднеоск од 11.11.2015 година - 2.600,оо денари и за ДДВ од 11.059,оо денари согласно АТ , како и такса за жалба 1 .200,оо денари.

 

Од тие причини се одлучи како во изреката.

 

Претседател на совет- судија,

«Г. М.»

 

ПОУКА: Против пресудата дозволено е право на жалба во рок од 8 дена, по приемот , преку овој суд до Апелациониот суд во Битола. ДНА: Полн.на странките

НАЛОГ ЗА ТАКСА: СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителот во рок од 5 дена од доставување на преписот од оваа пресуда да плати такса за одлука во износ од 1.200,оо денари на Буџетска сметка на РМ 100000000063095 при НБ на РМ приходна шифра 722211, во спротивно истата ке се наплати присилно преку решение на Управата за јавни приходи зголемена за 50 % по основа на казнена такса.

Важна Информација Пресудата е објавена на Веб страната на Основен Суд Битола можите тоа да го погледнете  на линкот на ;

http://osbitola.mk/Odluki.aspx

<< Start < Prev 1 2 Next > End >>
Page 1 of 2